Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент ги прекина преговорите за повеќегодишниот буџет на ЕУ

Европскиот парламент ги прекина преговорите за повеќегодишниот буџет на ЕУ

Европскиот парламент (ЕП) ги прекина преговорите со земјите-членки за идниот повеќегодишен буџет на Европската унија (ЕУ) за периодот од следната до 2027 година, по цена да се одложи планот за опоравување од пандемијата на коронавирус вреден 750 милијарди евра.

„Европратениците ќе се вратат на преговарачката маса кога Советот што ги претставува земјите-членки ќе покаже вистинска волја за постигнување договор“, се вели во соопштението на ЕП.

Портпарол на германското претседателство со ЕУ изрази жалење за „пропуштената можност“.

Шефовите на држави и влади на ЕУ во јули се договорија за седумгодишен буџет вреден 1,07 трилиони евра. Сепак, парламентот бара многу поголема сума што на крајот ќе биде наменета за „15-те главни програми“ на ЕУ. Но, одлука за ова прашање ќе се донесе само за неколку години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Сè уште не сме го употребиле „целото наше напредно оружје“

Хамнеи ќе биде погребан во светиот град Машхад

Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, вели Трамп