Утрински Весник
Свет

Европската комисија ќе ја тужи Унгарија поради контроверзниот закон кој ги загрозува правата на ЛГБТ заедницата

Европската комисија ќе ја тужи Унгарија поради нејзиниот закон, за кој се вели дека ги загрозува правата на ЛГБТ заедницата, објави денеска веб-страницата „Политико“, повикувајќи се на унгарскиот весник „Непсава“.

dobivaj vesti na viber

Унгарскиот закон усвоен во јуни минатата година предизвика вознемиреност во ЛГБТ заедницата бидејќи забранува употреба на материјали кои се сметаат за промовирање на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата и е оправдан како неопходна мерка за спречување на злоупотреба на деца, пренесува „Ројтерс“.

Во јуни 2021 година, унгарскиот парламент донесе закон со кој им забранува на лицата под 18 години да „прикажуваат или промовираат“ хомосексуалност или промена на полот во телевизиски емисии, филмови и програми за сексуално образование за деца во училиштата.

Унгарската владејачка коалиција, предводена од партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, соопшти дека ЛГБТ правата и другите слични социјални прашања се прашања за кои одлучуваат националните влади, а не Брисел.

Унгарската влада објасни и дека спорниот закон има за цел да ги заштити децата, а не е насочен против ЛГБТ заедницата, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка