Утрински Весник
Свет

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“
Dik 300x250 mk

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „АстраЗенака“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година, објави денес италијанскиот весник „Стампа“, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство.

„Европската комисија, во договор со водачите на многу земји на ЕУ, одлучи да склучи договор со компаниите што произведуваат (вирусни векторски) вакцини, кои важат за тековната година, и нема да бидат обновени по истекот на рокот“, пишува весникот.

Се додава дека Брисел ќе претпочита да се фокусира на вакцините против Ковид-19 кои користат mRNA технологија, како што се вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

Европската комисија побара објаснување од „Џонсон и Џонсон“ во врска со „целосно неочекуваното“ соопштение на компанијата за доцнењето во испораката на вакцини против Ковид-19 во ЕУ, изјави неименуван официјален претставник на ЕУ за „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција