Утрински Весник
Свет

Европол: Злоупотребата на деца на интернет значително се зголеми за време на пандемијата

Европол: Злоупотребата на деца на интернет значително се зголеми за време на пандемијата

Бројот на случаи на злоупотреба на деца значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, објави денеска Европол.

Од почетокот на пандемијата во март годинава, сторителите поинтензивно пребаруваат на интернет содржини и материјали, изјави директорката на Европол, Кетрин де Боле.

„Гледаме големо зголемување на овој вид злоупотреба“ нагласи таа, предупредувајќи дека сторителите најверојатно ќе се обидат да стапат во директен контакт со деца кои, поради затворањето, поминуваат многу повеќе време на интернет без надзор.

Директорката на Европол е особено загрижена за зголемувањето на бројот на деца сексуално злоупотребени на интернет за време на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија

Најмалку едно лице загина, тројца се повредени во рускиот напад врз Киев

Зеленски: Трамп нè турка во капитулација