Утрински Весник
Македонија

Еврокомесарот Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска престојува во земјава и ќе има средби со државниот врв.

Како што е најавено, во неговата агенда прва е средбата со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.

Предвидено е еврокомесарот да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и да има обраќање пред пратениците во законодавниот дом.

Најавен е и работен ручек на Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски.

За време на престојот во земјава, еврокомесарот ќе се сретне и со лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан. Тој порача дека целта на Европската комисија и на германското претседателство е првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи до крајот на годинава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор