Утрински Весник
Магазин

Евровизија: Русија ќе може да се натпреварува на годинешниот Евросонг

Евровизија: Русија ќе може да се натпреварува на годинешниот Евросонг
Dik 300x250 mk

На Русија ќе ѝ биде дозволено да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, и покрај тоа што започна воен напад врз соседна Украина, објави британски Би-би-си.

Според истиот извор, организаторите во моментов планираат да бидат домаќини на учесниците од Русија и Украина.

Организаторите велат дека годишниот настан во мај е „неполитички културен настан кој ги обединува нациите и ја слави различноста преку музиката, но ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата“.

„Ние секако ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, стои во соопштението.

Украинската државна телевизија UA: PBC побара Русија да биде суспендирана.

Во барањето се наведува дека руската државна телевизија, која го надгледува учеството на земјата во натпреварот, е всушност „гласник на Кремљ и клучна алатка за политичка пропаганда и систематско ширење на дезинформации“ против Украина.

Можете да прочитате

Средствата за дезинфекција на раце можат да предизвикаат рак?

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански”! 

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ во Тирана