Утрински Весник
Спорт

Евра: Јувентус го искористија Роналдо како „жртвено јагне“

Евра: Јувентус го искористија Роналдо како „жртвено јагне“

Кристијано Роналдо беше постојано виновен за проблемите на Јувентус додека беше во клубот, вели неговиот поранешен соиграч, Патрис Евра, додавајќи дека не добил исправен третман од клубот, соиграчите и од медиумите.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед по повеќе од една деценија по три сезони во Торино, во кои освои две титули од Серија А и две титули за најдобар фудбалер во италијанскиот шампионат, но Евра смета дека последната сезона тој бил претставен како „злосторникот“ во клубот.

„На Кристијано му се потребни љубов и почитување. Наместо тоа, во Јувентус тој стана жртвеното јагне. Критиките во Италија понекогаш се смешни и лицемерни. Алегри згреши кога кажа: ‘Кристијано нема да игра на сите натпревари’. Нема потреба за такви јавни изјави. Во секој случај, единствената вистинска љубов на Кристијано е Манчестер јунајтед“, вели Евра во интервју за италијанскиот весник „Ла република“.

Сличо како Роналдо, Евра по настапите во Јунајтед помина две и пол сезони со Јувентус од 2014 до 2017, кога работеше токму под Алегри.

„Тој има посебен талент. Дури повеќе од Сер Алекс Фергусон, бидејќи знае како ќе се одвива мечот пред да почне. Но, во Италија, преголем фокус се дава на тренинзите. Да се најде вистинскиот баланс, италијанските тимови постојано ќе победуваат во Лигата на шампионите. Наместо тоа сите работи се туркаат до екстрем, и тоа е знак на несигурност“, објаснува Евра.

> Евра: Јувентус го искористија Роналдо како „жртвено јагне“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина