Скопје, 3 мај 2020 (/) – Пејачката Александра Јанева за време на карантинските денови заедно со 25 млади музички таленти направи нова верзија на синглот „Еве ме пак“.
– Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки, вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.
Видеото е објавено синоќа на нејзините социјални мрежи. бак/