Утрински Весник
Спорт

Евертон во финишот на преодниот рок го потпишаа Деле Али

Евертон во финишот на преодниот рок го потпишаа Деле Али

Бамиделе „Деле“ Али, во последните моменти од преодниот рок се пресели во Евертон. Деле Али по шест и пол години го напушти Тотенхем, клуб во кој стекна целосна афирмација. Со Евертон потпиша две и пол годишен договор.

Евертон не платија ништо за трансферот на Деле Али.За да заработи Тотенхем, Али ќе мора да се врати во старата форма.

„Скај спорт“, објави дел од договорот помеѓу клубовите и потенцира дека доколку бидат исполнети сите клаузули, Тотенхем можат да заработат максимално 40.000.000 фунти.

Доколку до крајот на договорот, фудбалерот одигра 20 натпревари за „карамелите“, Евертон е обврзан да плати 10.000.000 фунти. Останатите клаузули се поврзани со бројот на постигнати голови и освоените трофеи.

> Евертон во финишот на преодниот рок го потпишаа Деле Али <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал