Утрински Весник
Магазин

Ева Лонгорија ќе глуми во филм комедија

Ева Лонгорија ќе глуми во филм комедија

Популарноста ја стекна со улогата на Габриела Солис во хит-серијата „Очајни домаќинки“ на Еј-би-си, која траеше од 2004 до 2012 година.

А сега Ева Лонгорија потпиша да глуми во филмот комедија Unplugging („Исклучување“).

Актерката, 45, ја заменува Исла Фишер која првично требаше да глуми во филмот наспроти Мет Волш.

Волш, најпознат по улогата на Мајк Меклинток во Veep на „ХБО“, е ко-автор на сценариото за филмот, кој моментално се снима во Оклахома.

Приказната се фокусира на еден пар кој по смртта на нивниот пријател тргнуваат кон далечен град на „забавен дигитален детокс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил