Утрински Весник
Свет

Евакуирани 500 луѓе поради пожари во јужна Шпанија

Евакуирани 500 луѓе поради пожари во јужна Шпанија
Dik 300x250 mk

Најмалку 500 луѓе се евакуирани поради шумски пожари на југот на Шпанија, објавија денеска локалните власти.

Пожарот го зафати градот Естепона во регионот Андалузија, објавија итните служби, пренесе „Ројтерс“.

Околу 250 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот, објави регионалната влада на Андалузија.

Во соопштението се додава дека карактеристиките на теренот како и силниот ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим