Утрински Весник
Свет

Евакуирани уште 800 луѓе од островот Ла Палма во Шпанија

Евакуирани уште 800 луѓе од островот Ла Палма во Шпанија
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Стотици луѓе на островот Ла Палма на Шпанските Канарски Острови се разбудија денеска во страв за своите домови и имот.

Pet Utrinski

Нова река од лава од вулканот се закани дека ќе уништи друга населба на пат кон Атлантскиот Океан.

Screenshot

Властите на островот наредија евакуација на околу 800 луѓе од крајбрежниот град Лос Ланос де Аридана, откако лавата започна по нова рута, поради што нивните домови се најдоа на можен пат на уништување, пренесува агенцијата АП.

Околу 6.000 луѓе беа веднаш отстранети од областа, во часовите по првичната ерупција на вулканот на 19 септември, кога нивните домови и фарми беа директно на патот на првиот вулкански поток на лава.

Не беа потребни нови масовни евакуации во следните три недели, но вчера експертите за вулкан ги советуваа властите дека новиот проток на лава се одделил од главниот тек и се упатил кон населено место надвор од она што претходно било зона за евакуација.

Лавата досега уништи над 1.400 згради, вклучувајќи домови, фарми и други објекти, и зафати 656 хектари, вклучувајќи 90 хектари плантажи со банана. Досега нема загинати.

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување