Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Евакуирани повеќето Македонци од Авганистан, во базата на НАТО се останати уште 14 државјани

25 македонски државјани се веќе евакуирани од Авганистан, околу 50 ги чекаат наредните летови
Img 7972

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција информираше дека утрово околу 4.30 часот, првите македонски граѓани кои биле на аеродромот во Кабул, слетале во Доха, и се очекува тие да бидат трансферирани во Кувајт.

„Нивниот транспорт во земјава е неспорен и тие се на безбедно. Малку подоцна слета и втор авион во Абу Даби, Дубаи, во кој се наоѓаа 25 македонски граѓани и нивниот пат продолжува за Лондон. Дополнително се упатени 25 наши граѓани од базата во НАТО во Кабул, и тие се на пат за Доха каде што наскоро се очекува да слетаат. Нивниот пат е безбеден“, изјави Османи, додавајќи дека според последните информации повеќе нема македонски граѓани на терминалите на аеродромот во Кабул кои чекаат да бидат евакуирани.

Според информациите од министерството, во базата на НАТО во Кабул се наоѓаат уште 14 македонски државјани, од кои тројца ќе останат да ги вршат задачите и ќе бидат евакуирани последни, заедно со војската од базата.

„Во НАТО базата во Кабул се наоѓаат уште 14 македонски државјани и 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација додека тројца ќе останат да вршат да ги вршат задачите и ќе бидат евакуирани последни заедно со војската од базата“, појасни Османи.

Тој потенцира дека се очекува сите македонски граѓани да бидат извлечени од Авганистан и безбедно да се вратат дома.

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и ВЛЕН во општините во кои нема свои кандидати

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај