Утрински Весник
Економија

ЕБОР и ЕУ со 85 милиони евра ќе го поддржат развојот на малите и средните претпријатија од Западен Балкан

ЕБОР и ЕУ со 85 милиони евра ќе го поддржат развојот на малите и средните претпријатија од Западен Балкан
Ss2

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) од Западен Балкан, со дополнително финансирање, по појавување на пандемијата на корона вирусот.

„Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра за нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија“, соопштија од ЕБОР.

Ss1

Додаваат дека земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.

Преку Тимот Европа, средствата се за поддршка на МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици. Тие треба да обезбедат услови, виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансиите, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на Европските пазари.

ЕБОР е една од најголемите инвеститори на Западен Балкан. Досега имаат инвестирано над 13 милијарди евра во повеќе од 700 проекти, вклучувајќи ја и клучната инфраструктура, сегменти во МСП и зелената економија.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk