Утрински Весник
Македонија

Дука: Трет ден во Дебар нема новодијагностицирани, но има појава заразени да се шетаат низ градот

Дука: Трет ден во Дебар нема новодијагностицирани, но има појава заразени да се шетаат низ градот

Дебар, 6 април 2020 (МИА) – Веќе трет ден нема новозаразени од коронавирус во Дебар. Бројката останува на 49, од нив две лица од општина Центар Жупа. Од вкупниот број заразени 14 се излекувани, додека четворица починаа. На домашно лекување се 13 лица, а 73 лица се во самоизолација, што е за 15 помалку споредено со вчерашниот ден, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Сепак додаде дека епидемијата со коронаврусот не е надмината, поради што апелираше до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките.

– Посебно ги замолувам оние кај кои веќе е дијагностициран коронавирус да не излегуваат од своите домови. Како Оперетавен штаб имаме сознание дека некои од овие лица се движат низ градот, а се видени и во маркети. Тие се конролираат од полицијата, но го користат вакуум просторот од една до друга контрола и излегуваат надвор, рече Дука.

Оцени дека безбедносната состојба е добра, не забележано непочитување на одлуката за забрана за движење, а армиските патроли редовно ја контролираат границата и таму не се забележани прекршувања.

– Институциите непречено ги одвиваат своите рутински обврски и тие се на нивото на нивната задача. Снабдувањето со прехранбени и други артикли и лекови оди непречено, според воспоставениот протокол, нагласи Дука.

Според него проблем се појавил околу наставата од далечина и побара од операторите да бидат посолидарни и да ги зголемат бесплатните гигабајти за корисниците. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”