Утрински Весник
Македонија

Дука: Состојбата со Ковид-19 е алaрмантна затоа што не се почитуваат препораките за заштита

Дука: Состојбата со Ковид-19 е алaрмантна затоа што не се почитуваат препораките за заштита

Дебар, 15 јуни 2020 (МИА) – Официјалните бројки на новозазраени покажуваат дека епидемилошката сосотојба, како во општина Дебар, така и на ниво на  држава е многу сериозна и алармантна. Минатата недела во нашата општина земени беа 16 брисеви и од нив осум се позитивни на вирусот, додека од 69 тестови во детската градинка се уште нема резултати, изјави на денешната прес-конференција дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

Тој оцени дека тоа е последица на олеснетите мерки и непочитувањето на препораките за заштита од страна на граѓаните.

– Апелираме до граѓаните состојбата сериозно да се сфати дека Ковид-19 во нашиот град е присутен.  Според оценката на стручните лица се очекува да има нов понагласен бран со нови случаи на инифицирани со Ковид-19. Општата болница треба да биде максимално подготвена за евентуална нова состојба, рече Дука.

Тој инфомрираше дека се договрени мерки и активности кои ќе ги превземе општинскиот штаб. Меѓу другото ќе биде  спроведена повторна дезинфекција  на улиците и објектите во градот и останатите села во Општината, освен селата Долно и Горно Косврасти, каде веќе е изврешена втората дезинфекција по потврдениот случај на заразната  жена од село Долно Косоврасти на 5 мај.

– Ќе се спроведе едукативна кампања со лепење флаери околу превентивните мерки за заштита како во центарот на градот, така и во деловните објекти. Исто така, упатуваме апел до санитарниот и пазарниот инспекторат да бидат што поактивни и поригорозни во превземањето мерки за тоа колку ги почитуваат пропишаните потоколи сите деловни субјекти и државни институции. Само по една мала обиколка по градот ќе се види дека во маркетите поголемиот број од граѓаните не ги почитуваат правилата на однесување, а пред маркетите и институциите нема лица задолжени да го одржуваат редот, посочи Дука.

Според денеска објавените официјални податоци, во изминатото деноноќие во Дебар нема новозаразени со корона вирусот. Бројката останува 61, од нив 47 се излекувани, четворица починаа, а има 10 активни случаи. Во самозилозација се 41 лице. вт/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје