Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Деструктивните сили на странските агенди продолжуваат да сеат страв кај граѓаните

Демократската унија за интеграција го поздравува почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Утре, во Брисел, Северна Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани. Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди“, информираат од оваа партија.

ДУИ смета дека Собранието и Владата постапија правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците.

„Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Времето ќе докаже, велат од оваа партија, кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди.

Можете да прочитате

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство