Утрински Весник
Магазин

Дуа Лупа ја тужат за споделување папараци-фотографија

Дуа Лупа ја тужат за споделување папараци-фотографија

Дуа Липа ќе оди на суд бидејќи на својот Инстаграм-профил постирала фотографија направена од папараци

Според документите на американскиот суд, ѕездата била фотогрфирана во редица на аеродром во февруари 2019 година, а подоцна фотографијата ја споделила за своите фанови „без дозвола и одобрување“.

Во тужбата за кршење на авторски права, компанијата „Интеграл имиџис“ наведува дека Липа профитирала од фотографијата, бидејќи нејзините објави на Инстаграм делуваат како маркетинг алатка за нејзината музика.

Тие бараат отштета од 150,000 долари (108,000 фунти) и судење со порота.

Компанијата, исто така, бара судска наредба која ќе ја спречи пејачката во понатамошни кршење на законот, како и покривање на правните трошоци за судскиот спор.

Липа, наводно,  ја објавила фотографијата на својот Инстаграм-профил на 7 февруари 2019 година, четири дена откако била направена.

Сега веќе избришаната објава ја покажува поп-ѕвездата како стои во редица и држи авиобилети и пасош.

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени