Утрински Весник
Магазин

Дру Баримур проговори за разводот

Дру Баримур проговори за разводот

Дру Баримор и Вил Копелман, родители на ќерките Олив (осум) и Френки (шест) се разделија во 2016 година.

А во понеделникот, актерката искрено зборуваше за влијанието на разделбата врз нејзиниот живот, откривајќи дека таа не го поднела добро разводот. „Тоа го поднесов навистина тешко,“ рече таа.

„Чарлиевиот ангел“ му беше виртуелна гостинка на Вили Гејтс во емисијата „Сандеј тудеј“. Таа призна дека дури сега може отворено да говори за нејзиниот брак.

„На почетокот не можев да зборувам за тоа отворено“, рече таа. „Ми беше навистина тешко.“

45-годишната актерка продолжи да зборува за тоа што значел бракот за нејзините ќерки и зошто се борела толку многу за да го одржи семејството заедно.

„Ветувањето што си го дадов е да имам вакво неверојатно семејство. И ги најдов. Но имаше нешто што не функционира и не може да се оддржи во живот. Колку е трагично тоа! “ рече таа.

Ова беше трет брак на Баримор. Претходните беа со Том Грин и Џереми Томас.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 30 Јули 2026 година

Не влегувајте во кавги на 29 јули: Полната Месечина носи период на засилени емоции

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје