Утрински Весник
Свет

Дронот кој падна во Загреб носел бомба, стигаат резултатите од истрагата

Дронот кој падна во Загреб носел бомба, стигаат резултатите од истрагата

Завршена е истрагата за падот на дронот кој пред повеќе од еден месец се урна во Загреб.

Синоќа Нова ТВ објави дека леталото било доградувано и носело бомба. Како што наведоа, во леталото наместо камера имало поставена бомба. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде наредби за вршење на повеќе видови вештачења, а беше побарано мислење од воздухопловната техничка струка.

Загрепското жупаниско државно обвинителство во 11 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти резултатите од истрагата за падот на дронот, кој на 10 март остави голем кратер, пишува „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево