Утрински Весник
Свет

Дрога вредна 300.000 евра пронајдена во возило на Итната помош во Италија

Дрога вредна 300.000 евра пронајдена во возило на Итната помош во Италија

Полицијата во пристаништето Месина, на Сицилија, заплени 30 килограми марихуана, која двајца курири се обиделе да ја прошверцуваат во возило на Брзата помош.

Полициските службеници на влезот на траектот, кој ја поврзува Сицилија со Калабрија, одлучиле да го прегледаат возилото на Брзата помош затоа што кучињата користени во операциите против наркотици биле вознемирени во близина на тоа возило.

По деталното пребарување пронашле дрога – 50 пакувања со 30 килограми марихуана, а уапсени се и двајца курири.

Според првичните информации, шверцерите верувале дека ќе ја пренесат дрогата без никаков проблем, сметајќи на вонредната состојба поради заразата со коронавирус, а полицијата претпоставувајќи дека заразено лице може да биде во автомобилот, нема да ги контролира.

Според проценките на полицијата, вредноста на запленетата дрога на пазарот е околу 300.000 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје

Трамп го напушта самитот на Г7 порано поради ситуацијата на Блискиот Исток

Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени