Утрински Весник
Македонија

Државниот совет за превенција на детско престапништво го осудува вклучувањето на деца во политичка кампања

Државниот совет за превенција на детско престапништво го осудува вклучувањето на деца во политичка кампања
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата, истакнува Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Од Советот посочија дека грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

– Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата. Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8000 евра за радиодифузерот и 30 проценти од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца, нагласија од Советот. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕВН за 24 Инфо: Дефектот во Серава последица на кражби на струја, денеска блокирана улицата Пластичарска

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Силјановска – Давкова: Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас!