Утрински Весник
Култура

Државниот архив слави 70 години постоење

Државниот архив слави 70 години постоење

Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ) денеска (1 април) го слави своето 70-годишно постоење.

Свечената академија по повод овој јубулеј, ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На настанот обраќање ќе имаат покровителот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, додека со видео порака ќе има обраќање Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор на националниот архив на Австралија.

„Со оглед на условите во кои се наоѓаме, овој јубилеј ќе биде скромно одбележан, но сметаме дека е од особено значење ваквите јубилеи да ги искористиме за уште еднаш да го потенцираме исклучителното значење на Архивите и на архивските работници, како во нашата земја, така и во целиот свет“, се вели во соопштението за настанот.

На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Печат на времето – 70 години Државен архив (1951-2021)“ во која ќе биде презентиран историскиот развој на Државниот архив, низ најзначајни фотографии и документи со кои располага Архивот, а ќе биде промовиран и зборникот „Првите луѓе на Државниот архив (1951-2021)“.

По завршувањето на официјалниот дел на настанот, гостите ќе може да ја погледнат изложбата „Скопската градска општина“ посветена на градоначалниците на град Скопје.

Текстот Државниот архив слави 70 години постоење е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“