Утрински Весник
Македонија

Дрвокрадци од струшко со џип се обиделе да прегазат полицајци

Дрвокрадци од струшко не застанале на полициски знак, туку продолжиле да возат и се обиделе да ги прегазат полицајците.

Според информациите, вчера околу 11.20 часот на локалниот пат кон с.Богојци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.

Возачот не застанал и со возилото се обидел да удри двајца полициски службеници. Повредени нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Саит Саитов уште како малолетник дивеел со „Пасат“ низ улиците (видео)

Андоновски: Министерството и Владата фокусирани на „Роаминг како дома“ – сите обврски исполнети до февруари 

Расте бројот на пациенти со симптоми на грип во Велес