Утрински Весник
Свет

Драч: Кокаин прoнајден во контејнер за транспорт на морска храна

Драч: Кокаин прoнајден во контејнер за транспорт на морска храна
Dik 300x250 mk

Во Драч во контејнер со замрзната морска храна, кој пристигнал од Еквадор, пронајдени и запленети биле седум килограми кокаин.

„По царинската проверка, пронајдени беа неколку пакувања кокаин со вкупна тежина од околу седум килограми и еден ГПС уред. Дрогата, која се наоѓала во контејнер со морски плодови испратени од Еквадор во Албанија, преку компанијата ‘Фиш Ко. Тирана’, е запленета како материјален доказ”, се наведува во соопштението.

Инспектори од одделот за борба против наркотици на полицијата во Драч, го уапсиле жителот на Драч Д.Д. (35), одговорно лице на „Фиш Ко. Тирана“.

Припадниците на криминалистичката полиција во Драч открија вкупно 26 килограми кокаин во три пратки на компанијата „Алба егзотик фрутс“ во јули годинава и го уапсија директорот на таа компанија, Бајрон Гумени, додека по неговиот соучесник Едуарт Даути и натаму се трага.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил