Утрински Весник
Култура

Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево

Од 20-ти до 27-ми јуни НУ Драмски театар Скопје учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, со претставата „Диши“ (на 22.6.2022г.).

Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.

Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

Текстот Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“