Утрински Весник
Македонија

ДПМ: Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик

Наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина! Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци и дека нашиот јазик е македонскиот. Македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект, соопшти Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

dobivaj vesti na viber

„И во иднина, како и досега, ние сите – членовите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе создаваме литературно творештво и ќе се трудиме тоа да биде со високи естетски и културолошки вредности. Македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активностите, заложбите и проектите на ДПМ.Притоа, посебно треба да се залагаме за читањето на македонските автори и дела, зашто непрочитаните книги исто како и да не се објавени“, велат од Друштвото на писатели.

Македонските писатели, појаснуваат од таму, се единствени во грижата и одбраната на македонскиот јазик и македонското книжевно творештво, кое се создава во државава, но и во на Балканот, Европа и светот.

Македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат токму на тој јазик. Тоа е јазикот на нашите татковци и мајки, предци и наследници, а нашите литературни дела се значајни и вредни – токму затоа што се создадени на тој наш, роден, изворен, матичен и единствен јазик.

Нашите творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за минатото, сегашноста и иднината, стои во соопштението на ДПМ.

Можете да прочитате

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Штипскиот матурант Марио Ванчоски освои сребрен медал на Меѓународната 57. Хемиска олимпијада во Дубаи

Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат