Утрински Весник
Македонија

ДПА утре на конвенција ќе ги објави кандидатите за пратеници

ДПА утре на конвенција ќе ги објави кандидатите за пратеници

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва на седница на Централното претседателство одлучи утре да има конвенција. На овој партиски собир ќе бидат претставени кандидатие за пратеници.

-Имавме состанок на централното претседателство на кој се разговараше за партиската конвенција планирана за утре. По дискусијата во рамки на претседателството на кое беа присутни и претседатели на ограноци беше одлучено конвенцијата да биде во Тетово, истакна Дритон Ибиши, портпарол на ДПА.

Конвенцијата ќе се одржи во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од 18 часот. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бегале од полиција, сопатник проголтал дрога и починал

Ердоган им подари револвери на лидерите на НАТО – Силјановска нема да го користи подарокот

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип пријавиле труење со храна