Утрински Весник
Политички Партии

ДПА бара 24 часа полициски час и само еден час време за набавки

ДПА бара 24 часа полициски час и само еден час време за набавки

Тетово, 30 март 2020 (МИА) – Максимално можни часови да се воведат како полициски час во наредните две недели, побара Мендух Тачи претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА). На прес-коференција во партиското седиште тој истакна дека со тоа ќе се укаже на граѓаните дека во следните десет дена или две недели следи главната борба против вирусот.

-Затоа побарав од Владата место за викендот од 16 до 5 сабајле следните 10 дена или две недели да има полициски час 24 часа. И да се дозволи само еден саат, луѓето да купат тоа што им треба. Тој саат да не се дозволи за целиот град, за целата општина, туку да седнат централните и локалните власти да одредат одредени месни заедници. На пример Тетово две месни заедници имаат право на движење еден саат пример од 6 сабајле до 7 часот, други две месни заедници од 7 до 8 часот. Апел до граѓаните да не седат во група кога има полициски час. Поточно кажано тоа не значи да си одиме попладне еден кај други да пиеме чај и да си правиме муабет, истакна Тачи.

Тој со замерки до власта дека нема одговори на прашањата колку и каква опрема има за справување со коронавирусот.

-Ова нема врска со политички поени, го спомнуваме Тетово како клинички центрар затоа што имаме медицински факултет. Колку има специјални опреми, не маски и ракавици, специјални одела, за утре кога ќе се судрат со корона вирусот. Ни еден нема. Затоа што кога стварно имаме криза и во функционирање на нашиот здравствен систем, единствено оружје со кое треба да се бориме против ова зло ние забрана на движење, истакна Тачи. ас/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт