Утрински Весник
Македонија

До 18 часот на внатрепартиските избори гласале над 40.000 членови на СДСМ

До 18 часот на внатрепартиските избори гласале над 40.000 членови на СДСМ

На еден час пред затворањето на гласачките места, односно до 18 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи, информираат од партијата.

Од таму додаваат дека гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места, во 80 општини.

„По затворањето на гласачките места во 19 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека преку непосредните избори за претседател, СДСМ поставува највисоки стандарди во македонската демократија.

Можете да прочитате

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба