Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

До 15 јуни забранет влез во Грција за државјани на трети земји

Забрана за влез на товарни возила во Република Грција поради очекувано невреме
Img 7972

Атина, 14 мај 2020 (МИА) – Грчката влада одново да ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

До утре во 15 часот во сила е одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија; привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и забранет е влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

Во однос на тоа дали оваа мерка на грчката влада ќе биде продолжена, но и како ќе се одвива копнениот туризам во Грција, кој е важен дел не само за северниот дел на земјата, туку и за туристите од балканските земји и дали можеби ќе се бара посетителите пред патувањето да треба да имаат направено тест, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите,  рече дека се ќе биде вклучено во владиниот план за туризмот што ќе се презентира во следните денови.

-Ќе постојат неопходните измени, за сите туристи, навремено да знаат што ќе се случи и каде смеат и каде не смеат да се движат, но што се однесува генерално на протоколите и што се однесува на прашањата во врска со планот за туризмот, ќе треба да почекате неколку денови за да имате целосни одговори, рече Пецас. ср/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места