Утрински Весник
Македонија

До сабота ќе продолжи нестабилното време со пороен дожд и грмежи

Утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=5

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?