Утрински Весник
Македонија

До вторник посвежо време со повремени врнежи

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец.

Помалку врнежи ќе има во недела, јавува УХМР.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода