Утрински Весник
Македонија

Доставени 1.700 заштитни маски во здравствениот дом и локалните институции во Крива Паланка

Доставени 1.700 заштитни маски во здравствениот дом и локалните институции во Крива Паланка

Крива Паланка, 25 март 2020 (МИА) – Првите 1.700 заштитни маски, донација од конфекции во Крива Паланка денеска се доставени во локалната самоуправа и во здравствениот дом „Димитар Арсов“.

-Општината ги доби маските и истите се поделени на вработените во локалната самоуправа, во локалните институции, градски музеј, Меѓуопштински центар за социјални работи, подрачна единица на Фонд за здравствено осигурување, полициска станица , гранични полициски служби, царина, во Дневниот центар, во подрачна единица на МЗШВ и други, а инспекциските служби веќе имаа набавено. Благодарност до двете компании, „Ала конфекции“ и „Амика Мика“ кои излегоа во пресрет во овие моменти кога сечија помош е добредојдена, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Директорот на здравствениот дом од Крива Паланка, Бранко Стаменковски, информира дека добиле 1.000 заштитни маски за повеќекратна употреба од „Ала конфекции“.

-Направив напори дел до маските, кои оваа фирма ги изработи за вонредната ситуација, да ги добиеме како здравствен дом и истите се поделени на сите наши вработени, медицински лица и останат кадар, а исто така, маски доставивме и до другите здравствени служби кои не се во рамките на работењето на здравствениот дом: подрачна единица  на Хигиено епидемиолошка служба, Центар за јавно здравје, на подрачна единица на трансфузионото одделение, на Центар за дијализа, на дел од приватните здравствени организации, стоматолошки ординации и матични лекари, и може да се обратат приватните матични лекари кои не земале, да им доделиме, а секако, најважно е дека како здравствен дом сега имаме маски за пациенти кои ќе престојуваат во болничките одделенија, рече Стаменковски.иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа