Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на Ковид -19.
Само вчера извршени беа 1.825 тестирања, од кои 115 тестови беа регистрирани како позитивни.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.308, бројката на оздравени пациенти е 9.977, на починати е 557.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774, од кои најмногу заразени со троцифрени броеви има во Скопје – 833, 298 во Гостивар, 294 во Куманово, 252 во Штип, 160 во Тетово, 136 во Струга и 113 во Кичево.
Од скопските општини, трицифрен е бројот на заразени во Чаир (114) и Гази Баба (103).