Утрински Весник
Македонија

Дополнителни автобуси и посебен сообраќан режим во пресрет на Задушница

Дополнителни автобуси и посебен сообраќан режим во пресрет на Задушница
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

Дополнителен број автобуси ќе сообраќаат на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел).

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Поради верскиот празник Задушница денеска и викендов, во периодот од 6:00 до 16:00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во овие реони.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улицата „Боца Иванова“ и излегување од улицата „Боца Иванова“ кон улицата „Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај. мд/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија