Утрински Весник
Економија

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

УСАИД со нова програма за медиумите за борба против руските дезинформации

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу нашата држава и САД, од програмата УСАИД, кој го зголемува износот на средства за дополнителни 15.929.675 долари.

-Владата ја разгледа и усвои информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија и САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“, соопшти Владата

Со овој амандман на Договорот за грант, од Владата посочуваат дека УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

СДСМ: Мицкоски е како Луј XIV – народот едвај преживува а власта се гоштева

Левица: Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува