Утрински Весник
Македонија

Донирани 5.300 најнови тестови за коронавирус

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Компанијата „Бест Веј Инвестмент“ соопшти дека обезбедила 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вредност од 3.095.730 денари (50.000 евра) за потребите на Министерството за здравство. Tестовите се  производство на американската компанија „Abbott Molecular inc“, која е еден од пионерите на тоа поле во светот.

Преку овие тестови, како што се посочува, може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид-19.

Тестовите, исто така го идентификуваат присуството на коронавирусот со 100 отсто сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми. Овие тестови се новитет и се први кои пристигнуваат во државава. Досега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 милиони парчиња од овој тест, наведуваат од компанијата. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Јавниот сектор спорадично користи вештачка интелигенција, наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“