Утрински Весник
Свет

Донесен е закон што на Путин му овозможува нов претседателски мандат

Донесен е закон што на Путин му овозможува нов претседателски мандат
Dik 300x250 mk

Руската државна дума на пленарна седница го усвои законот со кој меѓу другото му дава право на сегашниот лидер на Русија, Владимир Путин, повторно да се кандидира за претседател на државата.

Според една од новите одредби на Уставот на Русија, ограничувањето на бројот на мандати за време на кое едно исто лице може да ја извршува должноста претседател на Русија се однесува на сегашниот лидер на земјата без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати.

Овој закон му овозможува на сегашниот лидер да ја извршува должноста претседател на Русија во уште два мандата, пренесуваат руските агениции.

Автори на иницијативата за претседателски мандати се пратениците Павел Крашеников и Олга Савастијанова, како и член на Советот на федерацијата, Андреј Клишас, кој во ноември минатата година го доставија документот до Државната дума.

Документот предвидува, руски државјанин кој има најмалку 35 години, кој постојано живее во Русија најмалку 25 години и кој никогаш немал државјанство или дозвола за престој во друга земја, да може да биде избран за претседател на земјата.

Покрај тоа, законот предвидува, должноста шеф на Централната изборна комисија да може да ја изврши руски државјанин кој наполнил 30 години.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи