Утрински Весник
Магазин

Викенд и „БТС“ помогнаа во зголемување на приходите на музичката индустрија

Викенд и „БТС“ помогнаа во зголемување на приходите на музичката индустрија

Светската музичка индустрија минатата година заработи 21.6 милијарди долари што е највисока бројка од 2002 година.

Приходите на музичките издавачи се зголемија за 7,4 отсто. Ова првенствено се должи на успехот на уметниците како Били Ајлиш, Тејлор Свифт и Дрејк на топ-листите.

Јужнокорејскиот бенд „БТС“ го имаше најпродаваниот албум Map Of The Soul: 7, додека ретро-поп химната на Канаѓанецот Викенд, Blinding Lights, беше најголемиот сингл, со продадени 2.7 милијарди копии.

Музичките стриминг-платформи како „Спотифај“ и „Епл мјузик“сочинуваат 62,1% од сите приходи, достигнувајќи 13,4 милијарди долари.

Можете да прочитате

Сите правиме грешка при подготовката на кафе

Во ресторани на Сардинија почнува едномесечна пробна програма „Ручек без екрани“

Најопасната саксија за секое растение