Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за општа управна постапка за време на вонредна состојба, со која се уредуваат определувањето и продолжувањето на роковите во управна постапка за време на траење на вонредната состојба.
-Според оваа уредба роковите кои согласно Законот за општата управна постапка се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, односно роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба, информира владината рес-служба. мч/