Утрински Весник
Економија

Донација средство за дезинфекција за МПС

Донација средство за дезинфекција за МПС

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Вкупно 24 тони средство за дезинфекција „Мултисеп форте“ спакувано во 1.200 канистри од по 10 литри денеска донираше Друштво за информатичка технологија „СЕАВУС “ за потребите на Македонскиот полициски синдикат,  односно за дезинфекција на простории и возила на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и Противпожарните единици ширум целата држава.

Како што соопшти МПС, компанијата Сивус одговорила позитивно на барањето на Македоснкиот полициски синдикат и посочуваат дека со оваа донација ќе придонесуваат кон подигање на степенот на заштита на „чуварите“ ширум републиката.

Од Синдикатот информираат дека  уште од денешниот ден ќе започнат да ги дистрибуираат во сите објекти на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и Противпожарните единици ширум Република Северна Македонија, а се со цел навремена дезинфекција на сите простории и сите возила кои што ги користат вработените во овие институции. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

СДСМ: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

ВМРО-ДПМНЕ: Добивме три арбитражни постапки и во Буџетот заштедивме 565 милиони евра