Утрински Весник
Македонија

Донација од општина Центар во чест на жената со чии органи се спасија три човечки животи

Донација од општина Центар во чест на жената со чии органи се спасија три човечки животи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На денешната седница на Советот на општина Центар, едногласно била усвоена одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, починатата пациентка со чии донирани органи беа спасени три човечки животи, инфорираат локалните власти.

„Како општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000 денари од буџетот на општината, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Средба со семејството на Василковска, неодамна оствари и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека 40-годишната Јасмина била мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа.

„Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучија да ги донираат нејзините органи“, порача во таа прилика министерот Филипче.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата