Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Донација од маски за жителите од делчевското село Стамер

Донација од маски за жителите од делчевското село Стамер
Img 7972

Делчево, 23 мај 2020 (МИА) – Во делчевското село Стамер денеска беа донирани 250 маски наменети за борба против Ковид-19. Маските, како што информираше Зоран Димитровски, претставник на месната заедница во Стамер, се донација од приватна компанија чиј сопственик потекнува од Стамер.

– Месната заедница од село Стамер заедно со црковниот одбор во соработка со трикотажа Сонитекс, чиј сопственик е наш сограѓанин денеска одлучивме да доделиме заштитни маски на нашето население. Целта е да ги заштитиме селаните од појавата на зараза од Ковид-19, рече Димитровски.

Дел од жителите истакнаа дека донацијата е повеќе од добредојдена, бидејки досега не биле во можност сами да се снадбат со заштитни маски.

– Јас живеам сама и сум благодарна за оваа донација бидејки не сум во можност самата да се снабдам. Да се надеваме дека ќе не штити од заразната болест, истакна жителка на селото.

Во рамки на акцијата доброволно учествуваа волонтери од помладата популација кои извршија распределна на маските во домовите на секое семејство во Стамер. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник