Утрински Весник
Македонија

Донација од германското МВР за македонската гранична полиција

Донација од германското МВР за македонската гранична полиција

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Донација од 20 возила од марката „дачија“ и „рено“ во вкупна вредност од 287.557 евра од Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија денеска и беше предадена на македонската полиција. Возилата, како што информираат од МВР, ќе им бидат дадени на користење на полициските службеници од граничната полиција.

-Соработката помеѓу двете министерства е на високо професионално и пријателско ниво, веќе долги години наназад. Верувам дека има и тоа како широк простор тоа наше партнерство уште повеќе да го интензивираме и продлабочиме не само во поглед на заедничката борба против сите видови на криминал, туку и во сите други сегменти во кои споделуваме заеднички интереси и вредности во интерес на граѓаните на двете земји, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при примопредавањето на новата донација на возила.

Тој потенцираше дека поддршката што Сојузна Република Германија ја дава на нашата земја, односно на МВР во делот на граничнaтa контрола и безбедност има за цел унапредување на работењето при извршувањето на граничните работи и вршењето надзор и контрола, но и унапредување на безбедноста на државната граница.

-Се разбира, тоа за нас е од големо значење и бездруго ќе придонесе за зајакнување на веќе одличните односи помеѓу двете земји, нагласи Чулев. вј/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал