Утрински Весник
Македонија

Донација на судиите од Кривичниот суд во фондот за КОВИД – 19

Прочистување во правосудството, ветингот е поразлична постапка, тврди Заев

Скопје, 15 мај 2020

Кривичниот суд, како што доликува на слоганот „Во името на граѓаните на РСМ“, од донациите на 48 судии, обезбеди 50 – тина плати , односно барем за еден месец спречи 50 – тина отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со пандемијата од вирусот КОВИД – 19.

Коко никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство за солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија што е повеќе од 20% од судиската плата.

Со овој гест како судии ги потикнуваме, охрабрувавме и повикуваме во стилот на „ice bucket challenge“ сите граѓани со примања над 40.000 денари како и сите други  функционери и  фели, да го следат примерот на судската фела, да донираат вака значителен износ од сопствените примања и да покажат солидарност со оние кои на сопствен грб почуствуваа најголеми штети во овие тешки времиња, покажувајќи воедно грижа за нивното здравје и опстанокот на нивните семејства и секако подршка за сите здравствени работници кои се на првата борбена линија.

Имајќи предвид да примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на дел од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угоститлски објекти и обложувалници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со нивните примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираа со цел да им помегнеме на оние на кои им е најпотребно.

Основен кривичен суд Скопје

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека