Утрински Весник
Македонија

Донација на нашинец од Швајцарија за социјално ранливите граѓани на Општина Дебрца

Донација на нашинец од Швајцарија за социјално ранливите граѓани на Општина Дебрца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Охрид, 31 март 2020 (МИА) – Жител на село Лешани со привремена работа во Швајцарија донираше 150 пакети наменети за социјално загрозените семејства во општина Дебрца.

Лешанецот Александар Голабоски денеска ја посетил Општина Дебрца каде ја предал донацијата, а покрај 150-те пакети за чија распределба ја задолжил Општината, обезбедил и дополнителни 60 пакети за селата Лешани и Арбиново.

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески изрази благораност за донацијата, истакнувајќи  дека преку општинските служби истата ќе биде доставена на оние на кои им е најпотребна. Тој најави дека од средства од буџетот на општината ќе бидат обезбедени дополнителни 150 пакети за социјално ранливите категории граѓани. аб/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бојчевски: Докторите во сите градови да имаат иста почетна нето плата и да се запре дефицитот на кадар

Пуштена во употреба клучката кај Подмоље

Албански државјанин се обидел да подмити полицаец на „Ќафасан“