Скопје, 24 мај 2020
Зелената партија ДОМ упатува честитки по повод 24 Мај – Денот на браќата Свети Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои имаат огромно влијание врз описменувањето и културниот развој на сите Словени.
Нивната дејност и дела создавани во IX век, имаат непроценлива вредност и значење за културниот подем на Словените, а создавањето на глаголицата е почеток на употребата на првата азбука на старословенски јазик и почеток на описменувањето на словенските народи. Браќата Св. Кирил и Методиј биле мисионери кои ја ширеле словенската писменост во повеќе земји во времето на Византија, поради што се нарекуваат апостоли на Словените.
Поради нивните заслуги, во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS папата Јован Павле II, на 31 декември, 1980 година ги прогласи за ко-покровители на Европа.
ДОМ – Канцеларија за односи со јавност
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.