Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Планот за Мал ринг не е зрел за јавна расправа

ДОМ: Планот за Мал ринг не е зрел за јавна расправа

Зелената партија ДОМ апелира да запре постапката за донесување на Урбанистичкиот план за Малиот ринг.

„За Планот не е донесена Одлука за неспроведување Стратегиска оцена на животната средина, што е спротивно на Законот за животна средина. Бараме за Малиот ринг задолжително да се спроведе Стратегиска оцена на животната средина. Со стратегиската оцена ќе се процени влијанието на сообраќајното решение во опфатот, на загадувањето на воздухот. Ќе се процени и соодветноста на планскиот концепт во однос на примената на Законот за урбано зеленило. Исто така, ќе се направи и анализа на влијанието од галиите во Вардар врз можно излевање на реката во неповолни хидролошки услови“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот