Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Општина Центар да одговори зошто е направен „масакар“ врз дрворедот на „Орце Николов“

ДОМ:  Општина Центар да одговори зошто е направен „масакар“ врз дрворедот на „Орце Николов“
Dik 300x250 mk

Од зелената партија ДОМ велат дека со голема загриженост ги следат фотографиите и реакциите на социјалните мрежи за сечата на дрворедот на улицата „Орце Николов“.

„Јавно поставуваме прашање до општина Центар, зошто е направен овој ‘масакар’ врз дрворедот? Зошто се сечат дрва без никаква најава и објаснување? Да не забораваме дека на вака ‘зацементиран’ град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина“, велат од ДОМ.

Партијата апелира итно да престане сечењето на дрвјата, да се обнови дрворедот и да се обезбедат нови зелени површини во општина Центар.

Можете да прочитате

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%

Приведен член на избирачки одбор во Чаир

(Фото) Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје повреден мотоциклист